Поволна економската состојба за трговците на мало

22

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во првото тримесечје од оваа година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од минатата година, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2013 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во првото тримесечје од
оваа година е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од минатата година, а очекувањата за економската состојба во наредниот период се на исто ниво како и во претходното тримесечје.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на првото тримесечје од
оваа година е намалена во однос на претходното тримесечје.

Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период, во однос на четвртото тримесечје од минатата
година, се дека ќе се зголемат, како и очекувањата за бројот на вработените.

Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во првото тримесечје од оваа година забележале зголемување во однос на претходното тримесечје. Во првото тримесечје од оваа година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните три месеци е дека ќе се зголемат.

Најголемо влијание на ограчувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од оваа година имале: слабата побарувачка на купувачите со 32,6%, зголемената конкуренција со 17,4%, зголемената понуда на пазарот со 14,9% и друго со 7,8%.