Повремен дожд и ветер, викендов утринските температури во минус

16

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на денот особено попладне од север ќе се спушта постуден воздух и ќе овозможи на некои пониски места особено во западните делови врнежите од дожд да поминуваат во снег, меѓутоа интензитетот ќе слабее. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од четири до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремен слаб дожд и со умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до шест степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време, особено в недела изутрина кога се очекува намалување на облачноста и пониски утрински температури во земјава во интервал од минус 10 до минус три степени.