Откако во јуни годинава странските инвестиции завршија во минус од 0,7 милиони евра, во јули скокнаа на 27,3 милиони евра, објави вчера Народната банка на Македонија. Од почетокот на годинава до крајот на јули во земјава влегле вкупно 99,2 милиони евра странски инвестиции, што е за десетина милиони евра повеќе од регистрираните инвестиции во истиот период минатата година, кога тие изнесувале 98,1 милион евра.
Извесно е да се очекува дека вредноста на странските инвестиции до крајот на годинава ќе порасне и ќе ја надмине бројката од 336,8 милиони евра реализирана во 2011 година, ако се има предвид дека во изминатите неколку месеци стартуваа неколку инвестиции, а Владата најавува дека наскоро ќе дојдат уште.