Повторно расте цената на биткоинот

96

Цената на биткоинот постепено расте по остриот пад, надминувајќи 44.000 долари во средата, покажаа податоците од берзата за криптовалути Binance.

Цената на биткоинот се зголеми за 5% на 44.078 долари во средата, а денеска се тргува по цена од 43.960 долари.

Биткоинот постепено се опоравува по загубите минатата недела кога вредноста на криптовалутите падна за речиси 13%.

Аналитичарите велат дека падот е предизвикан од објавувањето на детали од состанокот на Федералните резерви на САД во декември, за кои инвеститорите предвидуваа дека ќе има негативно влијание врз високоризичните средства. Друг фактор беа немирите во Казахстан, каде што се ископува над 18% од глобалниот биткоин. Во ноември го достигна својот историски максимум од 69.000 долари.