Повторно скокнаа цените на нафтата

85

Нафтениот пазар и утрово бележи раст. Барел нафта поскапува и на лондонскиот пазар достигна цена од 123 долари, што е пораст од речиси 2 отсто во однос на вчера. Тоа е околу десет долари за помалку од две недели.

Цената на нафтата на американскиот пазар изнесува 118 долари, што исто така е раст од околу 3% во однос на вчерашниот ден. Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво во последните два месеци.

Лидерите на Европската Унија договорија план за блокирање на две третини од увозот на руската нафта. Забраната е компромис што засега нема да го погоди увозот преку цевководи, но шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кажа дека и на овој начин ќе се запре голем извор на финансирање на руската воена машинерија.