Пожар во јапонска фабрика за чипови може да влијае и врз Европа и САД

53

Пожар во јапонска фабрика за чипови поттикна загриженост меѓу производители како што се Toyota, Nissan и Honda, a последиците би можеле да ги почувствуваат и Европа и САД и тоа во време на глобален недостиг од чипови што се користат во автомобилската индустрија.

Фабриката каде што изби пожарот држи околу 30% од глобалниот пазар на посебни чипови што се користат во автомобилите, пренесува Ројтерс.

Од јапонската компанија порачуваат дека ќе им биде потребен најмалку еден месец за да може да го почнат производството на 300-милиметарски полуспроводни плочи во североисточниот дел на Јапонија, каде што минатата недела изби пожар поради електричен проблем.

Фото: Pexels