Позитивните ефекти и проблемите од либерализацијата – теми на ЦЕФТА Поткомитетот за земјоделство

23

Позитивните ефекти, како и проблемите во трговските односи од либерализацијата во зголемување на трговијата во регионот беа теми на дводневната средба на ЦЕФТА Поткомитетот за земјоделство.

Настанот беше организиран како дел од македонското претседавање со оваа иницијатива за слободна трговија во 2014 година и на него присуствуваа сите земји потписнички на ЦЕФТА договорот, освен Молдавија.

Од македонска страна беше актуелизирана важноста на потсекорот за производство на жито и проблемите што ги предизвика зголемениот увоз на брашно од регионот минатата година, потоа отежнатиот пласман на македонското вино на српскиот пазар и последните проблеми со запленување на македонски кондиторски производи поради наводна злоупотреба на интелектуалната сопственост и фалсификување.

На средбата беше истакнато брзо надминување на потенцираните бариери на трговијата и македонската страна покрена низа иницијативи за хармонизација на стандардите за безбедност на храна меѓу земјите во регионот за олеснување на протокот на стоки, контрола на граничните премини базирана на проценка на ризик и усогласување на заеднички модел на договори од областа на безбедноста на храната.

Државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Перица Ивановски, претседаваше со ЦЕФТА Поткомитетот за земјоделство.