Познат македонски бренд трае повеќе од четири децении

67

Повеќе од четири децении традиција и многу генерации израснати со нежноста на Becutan, порачуваат од фармацевтската компанија Алкалоид, којашто прославува 85-годишен јубилеј годинава.

Почнувајќи уште од 1978 година, кога детскиот крем Becutan станува еден од првите пет производи на брендот, па сѐ до денес, детскиот крем е неизоставен дел од растењето и од детството на милиони деца во земјата и во регионот.

Денес, кога продажното портфолио на Becutan содржи над 40 основни типови производи, детскиот крем Becutan сè уште останува нашата гордост и доказ дека нашиот бренд го поминал тестот на времето.

Нежно уште од првиот допир; нежно уште од 1978 година.

Фото: Facebook