Познат пејач доби златна монета во негова чест

44

Британскиот музичар Елтон Џон стана вториот уметник годинава чиј лик ќе се најде на комеморативна монета на британската кралска ковачница, пренесува BBC. На почетокот на годинава беше издадена комеморативна монета посветена на рок групата Квин.

Британската кралска ковачница го овековечи Елтон Џон на златна монета од 1.000 фунти, со која се оддава почест за неговото музичко наследство.

Монетата ја дизајнираше Бредли Морган Џонсон, а на неа се прикажани ноти, како и сламен шешир и очила, по коишто Елтон Џон е познат.

“Ова е прекрасна почест. Во изминатите неколку години ми се случија некои од најнезаборавните моменти во кариерата и ова е уште еден убав јубилеј на тоа патување“, изјави Џон.

Најевтината монета има номинална вредност од пет фунти и ќе се продава за 13 фунти, додека верзијата од еден килограм злато е со вредност од 1.000 фунти, но нејзината цена е 68.865 фунти.

Фото: Facebook