Позната цената на иновативниот соларен покрив на Tesla

35

t-sroof-smoothglass

Фото: Tesla

Компанијата Tesla започна со продажба на соларни покриви Tesla Solar Roof. Првите нарачки започнаа вчера, а нивната доставата ќе биде во текот на летото. Во продажба се две од четирите соларни верзии – плочите од мазно стакло и оние од стакло со текстура, додека останатите две верзии треба да бидат достапни на почетокот на 2018 година, пишува Business Insider.

Купувачот ќе треба да плати 21,85 долари за метар квадратен, стои во соопштението на компанијата.

Исто така, компанијата направи и калкулатор што ќе им покаже на луѓето колку ќе чини замената на нивниот покрив со Tesla Solar Roof. Калкулаторот ги зема во предвид информациите колкава е големината на покривот, просечната цена на електрична енергија и количината на сончева светлина за конкретното место на годишно ниво.

Компанијата Tesla минатиот октомври ја претстави својата верзија на соларни панели во облик на ќерамиди коишто имаат потенцијал да го освојат прво американскиот, а потоа пазарот на Европа и светот. Наместо на постоечките покриви да се ставаат дополнителни соларни панели, во иднина тие ќе бидат покриени со нови соларни плочи, кои гледани од долу се невидливи.

Оваа нова технологија е резултат на соработката меѓу Tesla и SolarCity, а може да се комбинира и со Powerwall 2 батеријата. Соларните плочи, освен функцијата за создавање и складирање на енергија, може да имаат и вградени грејачи за топење на снегот од покривот.