Познатата пиварница инвестира 53 милиони долари во реконструкција на пабови

121

Повеќе од 42 милиони фунти или 53 милиони долари ќе бидат инвестирани за прилагодување на пабовите на постпандемиските трендови, објави познатата холандска пиварница Хајнекен.
Како дел од оваа инвестиција ќе се отворат повеќе од 700 работни места низ Обединетото Кралство. Компанијата има намера да реновира 660 пабови, што е повеќе од една четвртина од бизнисот на нивниот ланец Star Pubs & Bar, откако угостителите во Британија повторно почнаа да работат со желба да остават зад себе две тешки пандемични години што е можно поскоро. Само за реновирање на 137 кафулиња, компанијата ќе издвои најмалку 125.000 фунти.

Heineken планира да ги преуреди кујните, да постави нови барови и да ги подобри надворешните простори, поради зголемената побарувачка за пијалоци и храна на отворено.

„Луѓето останаа поблиску до дома во изминатите две години, барајќи искуства во населбите во соседството “, објаснува извршниот директор на Star Pubs & Bars, Лусон Мантстивенс.

„Веќе не сакаат да се вратат на стариот пат, очекуваат подобар квалитет – вклучувајќи храна и специјални пијалоци како коктели кои потешко се подготвуваат дома. Убедени сме дека објектите кои се прилагодуваат на променливите потреби на посетителите на пабовите ќе имаат подобра иднина на долг рок“, заклучува шефот на Star Pubs & Bars.

Фото: Pixabay