Познати добитниците кои ЛУКОИЛ Македонија ќе ги испрати на светското првенство во фудбал во Русија

60

На само неколку дена од почетокот на најголемиот и најважниот спортски настан кој ќе ја одбележи 2018 година ЛУКОИЛ Македонија израдува 4 свои лојални корисници со доделување на главните награди кои ќе ги однесат среќните добитници на светското првенство во фудбал во Санкт Петерсбург и Москва.

На прославата на најголемиот руски празник 12 јуни, денот на Русија, а во организација на Руската амбасада во Република Македонија, на свечената прослава во присуство на  добитниците: Катерина Конеска, Индира Дрндар, Костадин Граматиков сите тројца од Скопје, г. Андреј Куку, регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија и рускиот амбасадор во Р. Македонија г. Олег Шчербак, им ги доделија наградите со кои секој од нив доби платено патување и сместување, како и по 1 карта за полуфиналниот меч во Санкт Петерсбург. Додека на денот на отворањето на светското првенство, 14 јуни, господинот Куку и господинот Шчербак му ја врачија првата награда на Михаил Лазарев од Штип кој доби 2 билета за финалниот меч во Москва и подмирени трошоци за патувањето и сместувањe. По врачувањето на наградата во пријателска атмосфера сите заеднички го проследија мечот меѓу Русија и Саудиска Арабија со кој и се отвори светското првенство.

“Од секогаш Русија била моја посакувана дестинација, но во комбинација со можноста да се присуствува на еден толку голем настан како што е финалниот фудбалски меч кој ќе го закити победничкиот тим со епитетот „најдобрите во свет” возбудата и задоволството се двојно поголеми. Од сè срце им благодарам на ЛУКОИЛ Македонија за искажаната можност и чест да се биде дел од овој историски момент. Јас и мојата сопруга со нетрпение го очекуваме денот на поаѓањето,“ изјави добитникот на главната нагарада Михаил Лазарев.

Наградната игра траеше три месеци и во рамките на тој период на секои две недели беа реализирани 7 извлекувања. Во последното финално извлекување, учествуваат сите испратени кодови. Правилата за учество беа едноставни, со секоја направена сметка од 1.000 денари и испратена СМС порака, со код на сметката, учесниците стануваа потенцијални добитници на една од многуте вредни награди, како што се телевизори и ваучери за спортска опрема.