Добитникот на наградата Golden Net на 26-тото издание на фестивалот Golden Drum, четврта година по ред, е агенцијата McCann Worldgroup. Наградата Golden Rose за најдобра рекламна агенција отиде во рацете на Publicis Italy од Милано, додека како најдобра независна рекламна агенција, наградена со Golden Dragon, е прогласена SOK Media од Хелсинки.
Вкупно, доделени се 62 Silver Drum, 37 Golden Drum и девет Grand Prix награди.
На фестивалот награда доби и Австријката Кристина Прибицер во рамки на натпреварот за млади креативци кои се помлади од 30 години.
Со голема церемонија на којашто беа доделени наградите, заврши 26-тото издание на фестивалот Golden Drum, којшто во словенечкиот град Порторож беше домаќин на над 1.000 посетители.
Фото: Facebook