Познати личности кои важат за големи инвеститори

33

Освен што заработуваат од својата примарна професија поврзана со јавниот живот, голем е бројот на познати личности кои сакат добро да менаџираат со имотот што го имаат, да инвестираат во нови бизниси, дел од заработката да ја вложат во проекти што имаат светла иднина…

Актерот Ештон Качер е меѓу познатите личности кои се активни инвеститори. Тој има 159 инвестиции и одвоени над три милијарди долари. Актерот вложувал во различни стартапи, а меѓу нив е и Airbnb. Над 60 од инвестициите на Качер во се во софтверски компании, а одвојува и многу пари за дигитални медиуми и слично.

Повеќе или помалку познатиот рапер Нас Џонс има 188 инвестиции и одвоени скоро  милијарди долари. И тој како Качер фокусот го става на софтверски компании, но и на финансиски и други видови на стартапи.

НБА кошаркарот Кармело Ентони во своето портфолио има 38 инвестиции во висина од 1,1 милијарда долари. И тој најмногу вложува во софтверски компании и технолошки стартапи.

Фото: Freepik