Познато колку нуди Комерцијална банка АД Скопје за акциите на Стопанска банка АД Битола

Комерцијална банка АД Скопје преки Македонска берза ја известува јавноста дека Народната банка на Република Северна Македонија на Комерцијална банка АД Скопје и издаде претходна согласност за стекнување на капитален дел од 100% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола.

Истовремено, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука донесена од Надзорниот одбор на Банката, во постапката на јавна објава на понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола, цената на акциите која ќе биде понудена во понудата за преземање изнесува 3.200,00 денари за 1 (една) акција.

Во април Комерцијална банка АД Скопје ја извести јавноста дека Надзорниот одбор на Банката на 25.04.2024 година донесе Одлука за спроведување постапка на длабинска анализа на целокупното работење на Стопанска банка АД Битола со цел да се дефинира намера за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје.