Prada го рестартираше производството во Италија

Италијанската компанија Prada, по два месеци го рестартира производството низ цела Италија.

Модната компанија соопшти дека започнала со производство во Тоскана на 20 април, но и во регионите Умбрија, Марче и Венето, а повторно работат работилниците во Милано каде се наоѓа седиштето на компанијата, пренесува CNBC.

Компанијата, исто така, наведе дека се придржува кон мерките на безбедност за вработените, вклучувајќи го и методот на двоен скрининг и тестирање на антитела.

Фото: Facebook