Практични совети како да потрошите помалку пари во супермаркет

35

market

Фото: Pixabay

Супермаркетите стануваат “опасно“ место кога семејствата имаат ограничен буџет и мора внимателно да ги трошат финансиите што ги имаат на располагање.

Постојано нудат намалувања, поволни цени, разнобојни производи, неодоливи мириси, додатоци и гратис производи… Ретко човек може да остане рационален, па се случува наместо со планираните неколку производи, да излезе со многу кеси и празен паричник.

Еве неколку корисни совети од врвни експерти за тоа како да му одолеете на “шармот“ на супермаркетот.

Списокот со потребни производи е задолжителен

Не излегувајте од дома без да направите список од потребните производи што треба да ги купите. Бидете внимателни и одберете само она што ви е потребно и истиот да има предзнак дека е здраво. Штом влезете во продавницата, обидете се фокусот да ви остане на производите од списокот.

Никогаш не купувајте кога сте гладни

Експертите предупредуваат дека најдобро ќе поминете во супермаркет доколку претходно сте јаделе нешто. Кога луѓето се гладни, стануваат поимпулсивни, носат одлуки на брзина и на крајот се каат.

Повеќе време поминете на одделот за овошје и зеленчук

Одделот за овошје и зеленчук е помалку примамлив од останатите делови во супермаркетот. Но, се препорачува да се помине повеќе време во разгледување на производите што се нудат, а се со потписот здрава и органска храна.

Бирајте едноставни производи

Обичен јогурт, обични житарки, сокови без додатоци се најдобар избор, од кој секогаш ќе бидете задоволни. На прв поглед можеби изгледаат неугледно, но праксата покажува дека се многу поздрави од “шарените“ производи, кои се полни со адитиви.

Читајте ги декларациите и рокот на употреба

Секој купувач треба да биде запознаен со производот што го купува. На пазарот денес има огромен број производи, па затоа е важно да се прочита декларацијата. Таму се наведени состојките, па многу лесно може да се види дали има вештачки бои или адитиви. Рокот на употреба не смее во никој случај да се занемари, особено ако станува збор за млечни или месни производи, што се лесно расипливи.

Пробајте нешто ново

Многу често луѓето купуваат од навика, без да разгледаат дали им се нуди нешто подобро и поздраво од она што вообичаено го ставаат во корпата. Квалитетот на производот, цената, амбалажата, производителот или препорака од близок човек најчесто се пресудни при избор на одреден производ, но сепак не треба да постојат ограничувања, особено кога супермаркетите располагаат со широк асортиман на производи.

Понесете со себе ограничена сума на пари

Иако понекогаш е тешко да им одолеете на производите поставени на полиците во супермакетите, особено во овој предновогодишен период, кога со себе носите ограничена сума на пари нема да имате проблем. Пред да влезете во продавницата и знаете дека немате многу пари на располагање, купувањето на непотребни работи ќе биде сведено на минимум.