Комерцијална банка го започнува проектот за едукација на ученици од економските училишта насловен Практично учење за повеќе знаење.
“Со желба учениците од средните економски училишта во Македонија да им се пренесе знаењето и искуството што го имаат вработените во Комерцијална банка, го започнуваме проектот за едукација на ученици од економските училишта насловен Практично учење за повеќе знаење“, се вели во соопштението на банката.
Почнувајќи од денеска, менаџерите и вработените во банката ќе одржат повеќе предавања на актуелни теми од областа на економијата и банкарството, а кои се компатибилни со редовната наставна програма.
Предавањата од проектот ќе започнат во средното економско училиште Васил Антевски Дрен во Скопје, а потоа ќе продолжат и во останатите училишта низ земјата.