Прашања кои му помогнале на Стив Џобс да биде успешен

224

Успешниот Стив Џобс, ко- основач на компанијата Apple (која неодамна стана прва американска компанија која котира на берзата со вредност од два билиони долари) живееше живот со цел и научил да преземе контрола над својот личен и професионален живот со тоа што себеси секој ден си поставувал едно исто прашање.

Ако денес е последен ден од мојот живот, што би сакал да направам за тоа денес?

На прв поглед, ваквото прашање како прво нешто наутро може да биде тешко за секој од нас. Но, во пракса тоа е тоа што ни дава мотивација да функционираме успешно и да бидеме оптимистични за тоа како можеме да се подобруваме себеси секој ден.

Како може да ни помогне ваквото прашање?

1 – За почеток, ова прашање ќе ни даде одговор за тоа што сакаме да правиме, а што не во нашиот живот. Често, нашиот распоред е исполнет со работи на кои се посветуваме, кои ни одземаат многу енергија а кои и не мора да ги правиме. И, додека се освестиме, веќе е вечер и не сме постигнале ништо пособно.

2 – Неговата техника може да ни помогне да се фокусираме на нашите силни страни и да откриеме што можеме да постигнеме. Со свесноста за тоа што го правиме, можеме да откриеме и во што сме добри и што ни оди подобро од нешто друго. Така, имаме поголема шанса да го откриеме својот талент и да се насочиме себеси кон нешто што ни одговара и ќе ни донесе среќа.

3 – Можете да ги следите своите постигнувања. На тој начин, ќе станете свесни за вашата продуктивност и ќе можете да измерите колку се вложувате во тоа да бидете среќни и успешни.

4 – Ќе станете помотивирани, бидејќи ќе бидете свесни како тоа влијае на вас, од ден на ден. Ваквата мотивација ќе ве направи посвесни од најсилното кафе на светот. Поминете неколку минути наутро фокусирајќи се на позитивните промени кои сакате да ги направите во текот на денот за да останете мотивирани.

Џобс направи многу за да постигне успех. Научи техники за медитација, читаше необични книги и слушаше десет песни кои го инспирира и го мотивираа. Помагаше и на илјадници други луѓе да станат успешни и во текот на тој процес ја создаде наиновативната компанија на сите времиња. Тоа, меѓу другото, го постигна со редовно поставување на три едноставни прашања на својот тим. Еве кои се тие прашања.

Што е тоа што не функционира?

Ретко кој од шефовите гледа на овој начин. Едноставно никој не гледа да го најде проблемот, туку гледа кој го прави проблемот.

Избегнувањето на ова прашање, може да направи проблемот да биде поголем доколку не го решите. Џобс секогаш во вакви ситуации ги повикувал вработените и ги прашувал што е тоа што не функционира. Тоа му помагало да носи одлуки.

Зошто не функционира?

Џобс знаел колку е важна секоја причина поради која се појавува проблем. Џобс го користел ова прашање и преку дошол до голем број на иновации.

Дали е ова најдоброто што може да се направи?

Ова е квалитетно прашање бидејќи преку него ќе дознаете дали работникот добро квалитетно работи и дали тој ќе се задоволи со нешто што е под неговите карактеристики

Фото: Facebook