Прават патики од пченка, коноп, лен, плута, волна, памук…

58

Браќата Хрвоје и Домагој Болјан од Хрватска стојат зад еколошките патики под брендот MIRET. Патиките, според хрватските медиуми, се едни од најеколошките бидејќи 97% се направени од целосно природни материјали.

Со изгледот и дизајнот се слични на конвенционалните патки, но нивното производство е сосема различно бидејќи користат пченка, индустриски коноп, лен, плута, волна и памук, а природната гума ја добиваат од каучук.

Откако минатата година ги претставиле своите патики под брендот MIRET, им се јавуваат купувачи од сите делови на светот. Најмногу се од Хрватска, но има интерес и во Австрија, Германија, САД, Канада…

Фото: Facebook