Правник, ИКТ, банкар и пилот – најпрофитабилни професии во Македонија

37

pravnik-ostrava-slider-02 Вработувањата во правниот, телекомуникацискиот, банкарскиот и воздухопловниот сектор се најпрофитабилни во државата. Статистиката покажува дека во изминатата година во овие сектори се исплатени највисоките плати, додека текстилната и кожарската индустрија остануваат најниско платени професии, пишува Миа.
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека личните примања во октомври во секторот на правни и сметководствени дејности достигнал 41.476 денари, што е за 20.229 денари повеќе од просечно исплатената плата во Македонија. Над просекот се и платите во телекомуникацискиот сектор, односно 38.052 денар, воздухолповниот со 38.701 денар и финансиските и услужни дејности, освен пензиските фондови и осигурување со 37.702 денари.
Врз висината на платата, еден од највлијателните фактори е степенот на образование што укажува на фактот дека лицата со завршено високо или вишо образование се подобро позиционирани на пазарот на трудот, за разлика на оние со средно образование. Според податоците, најголем дел од невработените или 114.350 лица се со средно образование, а додека 41.509 лица се со високо образование.
Според половата структура може да се заклучи дека мажите се подобро платени од жените. Доминантноста на половите е анализарана во текот на третото тримесечје минатата година. Во анализата може да се забележи дека 60,5% од активното машко население е вработено, а додека пак кај жените вработеноста е 39,5%.
По региони, најпривлечен за работа е Скопскиот регион кој предничи пред Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот регион, а најмалку привлечни за вработување се Вардарскиот и Источниот регион, каде се земаат и најниски плати. Сепак, кога се зборува за висината на платите по региони, треба да се земе в предвид и фактот дека потрошувачката кошничка во главниот град е значително повисока од останатите градови во државата.
Во споредба со земјите од регионот, Македонија, Србија и Албанија имаат најниски плати, а подобро платени се Хрватите. По нив следуваат Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Од земјите во светот, највисока плата се зема во Швајцарија, а потоа следуваат платите во Норвешка, Луксембург, Австралија, Катар, Данска, САД, Шведска, Финска и Јапонија.