Празнични трендови за уредување на домот во новата колекција на Coincasa

35

На самиот праг на месецот на празничната магија, италијанскиот бренд за производи за уредување на домот, Coincasa, ја претстави својата Новогодишна и Божиќна колекција со посебна линија аксесоари што изобилува со стилски, луксузни, уникатни и гламурозни декоративни елементи. Во потрага по најсоодветни мотиви што дополнително ќе ја збогатат празничната и топла атмосфера во домот, најновиот тренд на Coincasa предлага производи што не се карактеризираат со конвенционалните божиќни и новогодишни симболи, што овозможува истите декорации да се користат во текот на целата зимска сезона. Виртуозите за внатрешно уредување, празничната атмосфера ја доловуваат преку главната одлика, Елеганција, посветена на прославата и специјалните пригоди. За таа цел се избрани теми инспирирани од планините, планинските куќички и шумата, кои ја зголемуваат топлината и интимноста на домот во зимскиот пејсаж.

Италијанскиот бренд секогаш на купувачите им го нуди само најдоброто и се грижи нивните домови да изгледаат совршено и да бидат во склад со секоја празнична пригода.