Пред и потоа: Вака изгледа светот кога не летаат авиони

372

Поради Ковид -19, работата на авиокомпаниите  драстично се намали, на аеродромите може да се види  човек кој со денови го чекал неговиот лет или работник ако не е отпуштен …

Европската организација за воздухопловна безбедност Eurocontrol објави снимка во која е прикажан редовниот воздушен сообраќај на патниците пред само неколку месеци и како изгледа сега кога владее пандемијата.


Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (IATA) процени дека авиокомпаниите ќе изгубат приход од 113 милијарди  долари за време на епидемијата и дека бројките значително ќе се зголемат. Првиот банкрот во светот на авијацијата може да се очекува уште во лето, пренесува BBC.

Фото: Printscreen YouTube