Денеска во Охрид, професори од техничките факултети во Македонија ќе одржат предавања за обновливите извори на енергија и за енергетската ефикасност. Предавањата се отворени и наменети за пошироката јавност, малите и средните претпијатија, како и локалните институции во Југозападниот плански регион. Целта на предавањата е запознавање со секојдневните проблеми поврзани со енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Отворените предавање се дел од третата активност на проектот Зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион, односно во Македонија и Албанија.
Водечки партнер на проектот е Центарот за енергетска ефикасност на Македонија- МАЦЕФ, во партнерство со Центарот за развој на Југозападниот плански регион од Македонија, Албанија ЕУ центар за енергетска ефикасност и Регионалниот совет на Корча.
Со овој проект ќе се утврди и зголеми користењето на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион.
Проектот е финансиран од Европската Унија, како и дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Албанија.