Предмети за домашна употреба коишто ги полнат паметните телефони

24

studiopesi_composition_02

Дизајнерското студио Pes, со седиште во Јужна Кореја, креираше палета на мебел и предмети за домашна употреба што имаат вградено безжична технологија чија што цел е да ги елиминира каблите и жиците, пишува Dezeen.

Идејата на Pesi е да создаде простор во којшто корисниците на паметните телефони нема да се чувствуваат како да се опкружени со електроника. За таа цел тие креираа мебел на којшто може да се постави телефон и да се наполнат батериите благодарение на електромагнетна индукција.

studiopesi_composition_14

Дизајните се поделени во две тематики  – Composition и On The Surface.

On The Surface комбинира рамни површини со десктоп предмети како часовник, огледало, звучник, празен сад, направени од акрилна пластика. Composition е во вид на послужавник којшто може да содржи различни дрвени и акрилни предмети со цел да креира полица, масичка или наткасна.

Фото: Pesi