
Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање лажни e-mail пораки, при што испраќачот лажно се претставува во име на Комерцијална банка и известува за пристигнат прилив.

Како да препознаеш обид за злоупотреба на твоите податоци и/или phishing e-mail порака?
- Се бара да отвориш или симнеш документ од прилог на пораката
- Се бара да кликнеш на линк (пр. за ажурирање на Вашата корисничка сметка)
- Се бара да внесеш корисничко име, лозинка, PIN на картичка, ЕМБГ или други доверливи или лични податоци
Целта на овие пораки е прибирање на твои податоци и/или инсталација на злонамерен софтвер со цел нивна злоупотреба и затоа треба да ги игнорираш.
Сподели ја информацијата на сите на кои мислиш дека ќе им биде од корист.














