Прелиминарна електронска распределба на социјални станови во Штип

45

Согласно со Програмата за изградба и одржување на станови на Владата на Р. Македонија, денес во општина Штип ќе се одржи јавна прелиминарна електронска распределба на 91 социјален стан.

На распределбата ќе присуствуваат апликантите каде преку електронски софтвер ќе се покаже прелиминарната ранг листа на добитниците на социјалните станови.
Во рамки на истиот проект предвидена е изградба на 35 објекти, распоредени во 26 градови низ Македонија со 1.753 станови. Изградбата на овие станови е планирана да заврши до 2014.

Средствата за Проектот за домување на социјално ранливите групи се обезбедени од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор со комерцијалната градба и од Банката за развој преку Советот на Европа.

Од 2007 до 2011 година изградени се девет објекти со 430 станови. Од нив 29 се во Македонска Каменица, 102 стана во два објекти во Општина Ѓорче Петров во Скопје, 71 во Охрид, 32 во Кичево, 29 во Кочани, 30 во Кавадарци и 46 во Крива Паланка.