Преносна куќа што се составува за десет минути

35

kukja

Фото: Ten Fold Engineering

Британската компанија Ten Fold Engineering дизајнира преносна куќа со површина од 60 метри квадратни којашто автоматски се составува за помалку од 10 минути, пишува CNN.

Куќата наречена uBox може да се спакува во камион и да се испорача до адресата на клиентот. За нејзина инсталација не се потребни темели, а може да се постави и на нерамен терен.

Преносната куќа е дизајнирана да овозможи флексибилност на сопствениците, вели британскиот архитект Дејвид Мартин, кој пред седум години ја основал компанијата Ten Fold Engineering.

“Во нашиот нов свет потребна ни е агилност, бидејќи работите се менуваат постојано. Иако на почетокот беше проектирана како дом, преносните куќи може да се користат како канцеларии, продавници, ресторани, галерии. Флексибилноста е клучна“, вели Мартин.

Куќата не мора да се приклучува на електрична мрежа бидејќи на неа може да се постават соларни панели.

Менаџерката за развој на компанијата Андреа Де Боер вели дека заинтересираност за овој тип на куќа има во малопродажниот сектор, планирање на настани, рударство, енергетика.

“Во зависност од барањата на поединците, преносната куќа може да биде направена по нарачка или масовно произведена“, вели Де Боер.

Цената на оваа куќа изнесува 129.000 долари.