Преполовена добивката на банките во БиХ

35

Банкарскиот сектор во Босна и Херцеговина (БиХ), којшто е сочинет од 15 банки, заклучно 30-ти јуни оваа година, остварија позитивен финансиски резултат од околу 51 милион евра, што е за 41,9% пониска од минатогодишната, пренесува Индикатор.

Само една банка, во тој период, прикажала загуба.

Кредитите што ги одобриле банките, заклучно 30-ти јуни се нешто над седум милијарди евра и бележат пад од 0,2% во однос на крајот на минатата година.

Кредитите одобрение на населението, во вкупните кредити учествуваат со 48,1%, а се намалени за 1,4%. Кредитите одобрени на правни лица, имаат учество од 51,9% во вкупните кредити, и бележат раст од 0,9%.

Во банкарскиот сектор, на 30-ти јуни, во БиХ биле вработени 6.549 лица.

Фото: Pexels