Преполовени странските директни инвестиции во Хрватска

30

invest in croatiaСтранските директни инвестиции во Хрватска во првите девет месеци минатата година изнесувале 452,7 милиони евра, што е двојно помалку за разлика од истиот период една година претходно, објави Хрватската народна банка (ХНБ).

Само половина од овие инвестиции се однесувале на нови проекти, главно на недвижнини, вложувања во туризмот и трговијата, додека нема значајни инвестиции во производните дејности, велат од ХНБ.

По земји, во првите девет месеци во Хрватска најмногу инвестирале фирми од Австрија, во износ од 193 милиони евра, потоа Холандија со 87,8 милиони евра и Италија и Турција со по 81,3 милиони евра. Значителен одлив, пак, е забележан кај инвеститори од Германија, во износ од 102,7 милиони евра.

Во 2011 година во Хрватска влегле 1,07 милијарди евра директни странски инвестиции, за разлика од 2010 година, кога тие изнесувале 297,5 милиони евра. Рекордниот износ на директни странски инвестиции е забележан во 2008 година, од 4,2 милијарди евра.