Пререгистрација на земјоделците од први јануари следната година

17

На први јануари следната година ќе започне пререгистрацијата на земјоделците во земјата. Собранието на Република Македонија денеска во рамки на шестата седница ги изгласа измените на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за здравственото осигурување.

Одложувањето на почетокот на пререгистрацијата на земјоделците од први јуни 2014 за први јануари 2015 година е поради софтверско усогласување меѓу Министерството за земјоделство и Управата за јавни приходи.