Преса за пластичен отпад во компаниите и јавните претпријатија

216

presa za PET

Компанијата за рециклирање на пластика Greentech, во седиштето на компанијата Eipix Entertainment од Нови Сад, претстави иновативно решение – преса за собирање стари пластични шишиња. Пресата има пречник од еден метар, а во неа е вграден механизам што овозможува едноставно притискање на шишињата од 0,3 до 2,5 литри и е прва од таков вид во Србија, пишува Е – капија.

За потребите на Greentech, пресата ја изработија млади инженери од компанијата Salagro. Истата е наменета за собирање на PET шишиња во затворени простории, како што се компании, јавни и образовни институции, трговски центри…

Eipix Entertainment, компанија што се занимава со изработка на компјутерски игри, е прва во собирање на PET отпад на ваков начин. Покрај PET шишињата, вработените во оваа компанија, благодарение на фондацијата за рециклирање на лименки Recan, ќе имаат можност во посебни кутии да ги одвојуваат и лименките.

Вработените во Eipix Entertainment се млади и еколошки освестени луѓе. Освен оваа преса, тие активно го промовираат и велосипедизмот и ги поттикнуваат вработените да користат велосипеди како еколошко превозно средство, а за таа цел направиле наменски вертикален паркинг за истите.

“Со оглед на тоа што во Србија се уште не функционира системот на примарна селекција на амбалажен отпад, овој вид на соработка меѓу бизнис секторот и јавните претпријатија е значаен бидејќи со соодветната селекција се добива и почиста и поквалитетна суровина за рециклирање“, вели Кристина Цвејанов, менаџерка за комуникации во Greentech.