Пресврт во монетарната политика: Банката на Русија го „спушти гардот“, ја намали референтната каматна стапка

Банката на Русија (БР) денес ја намали референтната каматна стапка за 50 базични поени, од 16,5 проценти на 16 проценти, што е петто намалување на стапката од почетокот на летото.

Руската економија полека се враќа на балансиран пат на раст, а целокупната економска активност расте со умерено темпо, но со разлики по сектори, забележува БР.

Домашната побарувачка е поддржана од растот на приходите на домаќинствата, кредитната активност и буџетските расходи.

Тензиите на пазарот на трудот се намалуваат, невработеноста останува на историски најниско ниво, додека растот на платите во Русија продолжува да го надминува растот на продуктивноста, додаде банката.

Според извештајот, кредитната активност во Русија е генерално висока, додека стабилните индикатори за раст на цените во ноември овозможуваат постепено олабавување на монетарната политика.

Банката на Русија очекува инфлацијата да падне на опсег од четири до пет проценти во 2026 година, а базната инфлација ќе биде стабилна на четири проценти во втората половина од следната година.

Во последните месеци, сезонски прилагодениот раст на цените се забави на годишен просек од 4,6 проценти, додека базичната инфлација остана стабилна на околу 4,3 проценти.