Претежно сончево со умерен северен ветер

23

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево. Преку ден ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието и источните делови повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе достигне 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.