Претпладне облачно и дожд

14

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 13 степени.