Претпладне сонце, попладне дожд

15

Времето во Македонија ќе биде претпладне сончево, а попладне во западните и северните делови ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневните температури ќе се движат од 23 до 37 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 34 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.