Времето денеска во Македонија, во претпладневните часови ќе биде сончево, додека попладне се очекува поголема нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и ветер.
Локално е можна појава на невреме со интензивен пороен дожд и град, а ваквите поинтензивни процеси се поверојатни кон крајот на денот.
Дневните температури ќе се движат од 24 до 35 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 32 степени.