Претпладне сончево, попладне наоблачување

20

Во Македонија времето денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста со слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер.

Утринските температури се во пораст и се движат од 9 до 20 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25, односно до 34 степени со УВ индекс 5.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде до 18, а максималната дневна температура ќе достигне до 31 степен.