Претпладне сончево, попладне засилен северен ветер

9

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд во вечерните часови. Доцна попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 18 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 27 степени.