Претрес во седиштето на Дојче банк

124

Истражните органи по налог на германското Обвинителство денеска влегоа во Дојче банк во Франкфурт.

Во акцијата се вклучени припадници на Федералната криминалистичка служба, Финансиската полиција и Обвинителството.

Засега не е позната позадината на претресот на канцелариите во Дојче банк.

Од Обвинителството соопштија дека се постапува врз основа на наредба на Судот во Франкфурт, додека други детали не може да се дадат поради истрагата што е во тек.