Претседателката на Управниот одбор на Загрепска берза влезе во Одборот на директори на Македонска берза

26

Ивана Гажиќ, претседателката на Управниот одбор на Загрепска берза е избрана за нов неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза. Инаку, Загрепската берза во март годинава соопшти дека ќе го зголеми уделот што го поседува во Македонската берза.

“Поради комплетирање на составот на Одборот на директори, на 28.05.2021 година, Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на неизвршен член на Одборот на директори на Берзата, согласно која за неизвршен член на Одборот е именувана Ивана Гажиќ“, објави Македонска берза.

Во март Македонската берза и Загрепската берза потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загрепската берза.