Загрепска берза го зголеми уделот на над 15% во Македонска берза

92

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе Решение со кое се дава согласност на Загрепска берза Д.Д Загреб да стекне квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје, односно да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20% од вкупно издадените акции со право на глас од Македонска берза АД Скопје.

Согласно барањето за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје и Одлуката на Надзорниот одбор на Загрепска берза Д.Д Загреб Загрепска берза Д.Д Загреб има намера да стекне 276 акции, односно 9,89% од акциите на Македонска берза АД Скопје со што процентуалното учество би се зголемило од 5,30% на 15,19% од акциите на берзата.

Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 90 календарски денови од денот на добивање на согласноста.