Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, беше нападнат од протестантка, во текот на брифингот за новинари во Франкфурт, пишува CNN Money.
Само неколку секунди откако тој почнал со своето обраќање пред новинарите, девојката се качи на неговата маса и почна да извикува: “Крај за диктатурата на ЕЦБ“. Обезбедувањето веднаш реагираше, но не успеа да спречи протестантката да фрли хартија и конфети врз Драги.
Феминистичката група Femen ја презеде одговорноста за овој напад преку Twitter.