Претседателот на Лукоил предупредува: Цената на нафтата од 100 долари може да доведе до колапс на пазарот

197

Цената на нафтата од 65 до 75 долари за барел е поволна и за производителите и за потрошувачите на нафта, смета претседателот и ко-сопственик на Лукоил, Вагит Алекперов.

Во исто време, тој предупредува дека високите цени на нафтата носат ризик од колапс на пазарот.

“Не би сакал цените на нафтата повторно да достигнат повеќе од 100 американски долари за барел, бидејќи тоа може да ги стимулира инвестициите во ниско -профитабилни, неефикасни проекти, а потоа повторно да доведе до она што веќе го поминавме – колапс на пазарот“, рече Алекперов.