Претставен мастер планот за проектот Белград на вода

37

GOSTI I NOVINARI

Во реновираната зграда на Геозаводот во Белград, вчера свечено беше претставен мастер планот – Белград на вода, што треба да биде завршен до крајот на 2016 година.

Инвеститорот на овој проект, Мухамед ел Абар од Обединетите Арапски Емирати, за ова ќе одвои 3,1 милијарди евра. Белград на вода ќе се гради со модерна технологија, но духот на градот, како што тврди тој, ќе остане, јавува Танјуг.

Белград на вода ќе се гради на десното крајбрежје на реката Сава, а би требало да се изградат околу два милиони квадратни метри станбено – деловен простор. Се очекува првите работи да започнат во следната градежна сезона, односно во февруари и март следната година. Најпрво ќе биде изградена кула висока 210 метри и шопинг центар.

ALEKSANDAR VUCIC, MUHAMED EL ABAR, SINISA MALI

Во првата фаза на работата ќе бидат изградени и четири посебни згради – два хотела и две станбени единици. Пречки за изградба на кулата повеќе нема бидејќи надвор од сила е ставена студијата што ја ограничува висината на објектите во престолнината, со што нејзиниот изглед би можел да биде значајно променет.

Носител на работите од проектот, во име на српската влада, ќе биде Друштвото со ограничена одговорност Белград на вода, што завчера беше основано.

Во исто време, се подготвува урбанистичка документација за почеток на градежните активности, неопходни за да може на време да се извадат потребните градежни дозволи, а паралелно се работи и на расчистување на локациите и решавање на имотно – правните односи.

ZELEZNICKA STANICA

MAKETA

MAKETA

GOSTI I NOVINARI

Фото: Танјуг