Претставен проектот Островот Борис, новиот футуристички аеродром во Лондон

20

2

Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, го ангажира архитектонско – градежниот конзорциум Тестрад да направи идејно решение за нов аеродром. Ако проектот биде прифатен, сегашниот лондонски аеродром Хитроу би бил срамнет со земја и на негово место би се изградила станбена населба. Новиот аеродром би бил изграден на вештачки остров во Темза, 80 километри источно од центарот на Лондон. Проектот популарно е наречен Островот Борис (Boris Island), пренесуваат британските медиуми.

Според Тестрад, новиот аеродром би се градел седум години. Предвидено е да има шест писти, а вкупната вредност на проектот изнесува 55 милијарди евра.

3

4