Претставен првиот автомобил на компанијата „Bugatti Rimac“: Сите распродадени, чинат 5 милиони евра

491

Мате Римац, основачот на компанијата „Rimac Automobili“ и главен извршен директор на производителот на автомобили „Bugatti Rimac“, на неделата на автомобили во Монтереј, Калифорнија го претстави првиот нов автомобил што „Bugatti Rimac“ го дизајнираше под негово водство.

Станува збор за модел на Bugatti W16 Mistral, а името го добил по ветрот што дува на југот на Франција.

– Дами и господа, Bugatti W16 Mistral. Првиот нов Bugatti дизајниран и развиен под водство на Bugatti Rimac. Овој модел ќе биде последен од ваков вид пред да преминеме на следната генерација на хибридни Bugattis. Ќе бидат изградени 99 единици по цена од 5 милиони евра – објави Римац на Фејсбук.

Тој изјави дека во изминатите недели автомобилот им бил прикажан само на  сопственици на Бугати и дека автомобилот толку им се допаднал што веќе бил целосно распродаден.

– Затоа Bugatti е повторно распродаден (денес не може да се нарача ново Bugatti). Производните капацитети се пополнети до крајот на 2025 година. Им честитаме на целиот тим за ова неверојатно достигнување – напиша Римац.