Претставена осмата генерација на Volkswagen Golf

26

Осмата генерација на ултрапопуларниот германски хечбек на Volkswagen беше конечно претставена вчера во Волфсбург. Официјалните фотографии излегоа ден претходно, но сите спецификации речиси беа задржани во тајност.

Доколку го споредиме со моделот во заминување, новиот Golf е малку подолг и пократок, со поголемо меѓуоскино растојание, па така тој брои 4,284 mm во должина, 1.789 mm во ширина и 1.456 mm во висина, со меѓуоскино растојание од 2.636 mm. Спуштањето на предниот дел не само што придонесува за поагресивен изглед, но допринесува и за коефициент на аеродинамичност од 0,275.

Еволутивен надворешен дизајн

Говорејќи за надворешноста, предниот крај го задржува карактерот препознатлив за Golf, но секако со низа промени, коишто имаат за задача значително да го разликуваат од моделот кој го заменува. Ревидирани светлосни уреди, нов браник, помала решетка и хауба со нов облик се само дел од промените. Еволутивниот дизајн го опфаќа и задниот дел на моделот, каде се забележуваат ревидирани задни светлосни уреди, целосно нов браник, со нова форма и изглед.

Повеќе прочитајте на Avtoplus.mk