Претставена пластична банкнота од 10 фунти

60

35848095911_f1b869bcc7_z

35848097251_7879c4f5ff_z

Фото: Bank of England

Централната банка на Англија во вторникот ја претстави првата пластична банкнота од 10 фунти. Банкнотата е претставена по повод 200 години од смртта на писателката Џејн Остин, чиј лик се наоѓа на едната страна. На другата страна е ликот на Кралицата.

Новите 10 фунти во оптек ќе бидат пуштени на 14 септември. Ова е прва банкнота што содржи ознаки коишто ќе им помогнат на луѓето со проблеми со видот да ги разликуваат од другите банкноти.

Минатата година беше пуштена во оптек банкнота од пет фунти изработена од полимер. Според Банката, пластичната банкнота е 2,5 пати потрајна од хартиената и е тешка за фалсификување. Следната пластична банкнота ќе биде во апоен од 20 фунти, која ќе биде пуштена во 2020 година, стои во соопштението.