Претставени активностите за модернизација на образованието на Мајкрософт – Edu Day

68

IMG_7994

Во хотелот Континентал денеска се одржа Edu Day, настан организиран од Мајкрософт Македонија.

Присутните имаа можност да се запознаат со иновативните практики во образованието при користење на платформите и алатките на Мајкрософт претставени од Мајкрософт Наставници од Македонија, презентери на Edu Day. За првпат пред пошироката публика во Македонија беше претставен концептот на иновативна училница, Мајкрософт Showcase Classroom, преку користење на платформата на Office 365 и низата алатки кои таа ги содржи. Мајкрософт Showcase Classroom треба да послужи како модел за функционирање на една иновативна училница во која технологијата е ставена во служба на педагогијата. Посебен осврт беше даден на OneNote Staff Notebook и OneNote Class Notebook како клучни алатки кои овозможуваат простор за соработка и споделување на информации и ресурси помеѓу клучните чинители на образовниот процес.

На настанот, иновативноста, креативноста и вештините на 21-от век беа клучни фактори во одлучувањето на петте победници кои беа прогласени за најдобри во трите натпревари организирани од Мајкрософт за сите наставници од основните и средните училишта од Македонија. Наставниците со своите креативни изработки се натпреваруваа во натпреварот за Мајкрософт експерт наставник од Македонија (Microsoft Innovative Educator (MIE), натпреварот за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016 година и натпреварот за Hour of Code.

Победник на натпреварот за Мајкрософт експерт наставник од Македонија (Microsoft Innovative Educator (MIE) е Бисера Ристиќ ООУ Гоце Делчев од Неготино и таа ќе ја претставува Македонија на глобалниот образовен форум на Мајкрософт кој ќе се одржи на пролет 2016 година во Будимпешта.

Првото место на натпреварот за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016 година и припадна на Марија Петреска ОУ Христо Узунов, Другово, Кичево и таа ќе ја претставува Македонија на регионалниот ЦИЕ MIXathon на пролет 2016 година, второто место на Адријана Тодорова ООУ Петар Мусев од Богданци и третото место на Зорица Адамчевска ООУ Блаже Конески од Велес.

На крај, за наставник кој организирал и одржал најдобар Hour of Code во Македонија, е одбрана Нела Слезенкова Никовска ООУ Св. Кирил и Методиј – Центар, Скопје.

Овие активности се резултат од потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Мајкрософт и Министерството за информатичко општество и администрација. На овој важен настан за македонското образование присуствуваше  и свое обраќање до присутните имаше г-ѓа Марта Томовска Арсовска, Министер за информатичко општество и администрација, која го нагласи успешното партнерство на Министерството за информатичко општество и администрација и Мајкрософт за поддршка на модернизацијата на образованието. На присутните, исто така, се обратија и Влора Адеми, програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Розалинда Стојова, раководител на одделение за развој и промоција на информатичко општество во обраќањето до присутните даде краток осврт на своето искуство како прв иновативен наставник од Македонија во 2004 година.